Дома Фудбал Италија Клоп за конфликтот со пеналот: Подобро да сакаат да го изведат двајца или тројца отколку ниту еден

Клоп за конфликтот со пеналот: Подобро да сакаат да го изведат двајца или тројца отколку ниту еден

Тимот на Ливерпул славеше на гостувањето против Хадерсфилд со 3:0, а во првите 11 за овој натпревар немаше место за најскапото засилување на „црвените“ Вирџил Ван Дијк.

Клоп по натпреварот ја објасни оваа одлука како и недоразбирањето околу изведувањето на пеналот кој го изнуди Емре Чан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мислам дека сосема е нормално тоа што Ловрен и Матип стартуваа од првата минута бидејќи подолго време играа заедно, а исто така стилот на Саутемптон е поинаков од нашиот, па потребно е време Ван Дијк да се прилагоди“, изјви Клоп, кој потоа го прокоментира недоразбирањето околу изведувањето на пеналот.

„Всушност ми е мило што дојде до такво нешто бидејќи со тоа покажаа дека знаат и сами да ги решат проблемите. Јас сум виновен што не одредив кој да ги изведува пеналите. Сепак најважно е што топката заврши во мрежата. Сега Салах веројатно ќе го изведе следниот пенал, подобро да сакаат да го изведат двајца или тројца играчи отколку ниту еден“, заврши Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти објасни зошто не го викнал Нејмар во репрезентацијата

Шансите Нејмар да игра на Светското првенство во 2026 година се сè помали. Поранешниот клу…