Дома Фудбал Англија Клоп за грешките на Алисон: Може му беше ладно, може нозете му беа укочени…

Клоп за грешките на Алисон: Може му беше ладно, може нозете му беа укочени…

Maнчестер Сити вчера на „Енфилд“ беше поразен со 4:1 и со овој триумф продолжи да чекори кон нова титула во Англија.

Еден од виновниците за поразот на Ливерпул е голманот Алисон кој погреши за два гола. Јирген Клоп после натпреварот бараше оправдување за лошиот настап на својот голман.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Јасно е дека Алисон погреши, но не го обвинувам, можеби му било ладно, можби му биле укочени нозете…Сето тоа е дел од фудбалот, не треба да заборавиме колку пати не спасил. Не можеме да го осудуваме за неколку грешки“, изјави германскиот стратег.

И Клоп знае дека тешко може да размислуваат на титула во ваква ситуација.

„Тешко е да се размислува на тој начин во овој момент, нашата цел сега е топ 4. Мораме да почнеме да победуваме, имаме уште доволно натпревари за да се избориме за место во Лигата на шампионите“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблемите на Куртоа биле посериозни од што се мислело – го чека долга пауза!?

Белгискиот голман Тибо Куртоа се најде во незавидна ситуација во самиот финиш од сезоната,…