Дефанзивецот на Лил, Габриел одигра одлична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Англиските медиуми тврдат дека во трката за неговиот потпис се вклучил и Ливерпул кој во 22-годишниот Габриел гледа идеален партнер за Ван Дајк.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Приоритет на Клоп ова лето ќе биде доведување на дефанзивец, односно замена за Ловрен, кој е на чекор од трансфер во Зенит.
Интересно е тоа што пред само две години, Габриел пристигна на „Максимир“, но одигра само еден натпревар за Динамо и потоа беше преместен во вториот тим.
Оваа сезона блесна во дресот на Лил, играше во Лигата на шампиони и привлече големо внимание, а неговата цена е околу 30 милиони евра.