Дома Македонски спорт Мак ракомет Клајн за германските медиуми го опиша нашиот капитен: Човек со големо срце!

Клајн за германските медиуми го опиша нашиот капитен: Човек со големо срце!

Поранешниот германски репрезентативец Доминик Клајн, кој настапува заедно со Лазаров во францускиот Нант, за германските медиуми зборуваше за нашиот капитен.

Клајн го опишува Лазаров како човек со големо срце и открива дека македонскиот капитен особено стравувал од Лемке.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Кога Лазаров игра низ средината како плејмејкер или се обидува да шутне, средниот блок ќе може да биде подефанзивен, а доколку игра по страничните позиции, ќе мораме да го нападнеме за да ги прекинеме проигрувањата кон пикерите“, истакна Клајн.

Германскиот ракометар вели дека е одушевен од Лазаров и детално го опишува нашиот капитен.

„Тој е човек со големо срце, кој живее за своето семејство, за својот тим и за сонот да настапи на Олимпијадата во Токио во 2020 година. Сето тоа на возраст од 37 години, тоа според мене е неверојатно“, заклучи Клајн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…