Дома Фудбал Репрезентации Класа потег: Пандев му ги подари копачките на Ристовски

Класа потег: Пандев му ги подари копачките на Ристовски

Нашата селекција синоќа ја совлада Летонија со 3:1 и со победа ги започна квалификациите за ЕП 2020.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ова за нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев беше 100. настап за селекцијата, а за тоа пред натпреварот од федерацијата доби дрес со бројот 100 и плакета.

Пандев одигра 70-тина минути, а за тоа време покажа дека е вистински лидер и носител на играта на нашата репрезентација. Пандев имаше неколку одлични шанси да се запише во листата на стрелци, но голманот на гостите беше сигурен.

Пандев на овој натпревар настапи со специјални копачки, а на крајот ги подари на нашиот десен бек, Стефан Ристовкси, кој веднаш се огласи на својот Инстаграм профил.

„ПРИМЕР, ИДОЛ, ПРОФЕСИОНАЛЕЦ…Човек со големо срце, честито на 100 натпревари во македонскиот дрес, МАКЕДОНИЈА се гордее со тебе…“ – напиша Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бенфика откри колку Реал треба да плати за Мурињо

Бенфика официјално го потврди заминувањето на Жозе Мурињо од тренерската позиција на порту…