Дома Фудбал Англија Кин го критикуваше Кавани и порача: Солскјер ќе добие отказ

Кин го критикуваше Кавани и порача: Солскјер ќе добие отказ

Манчестер Јунајтед на своите навивачи им приреди ново разочарување откако дома „црвените ѓаволи“ беа поразени со минимални 0:1 од Арсенал.

Легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“ Рој Кин кој денес работи како стручен коментатор на „Скај Спорт“ посебно го критикуваше Едисон Кавани.

„Го гледав на загревањето и се запрашав…Кавани не ја помести ниту ногата, не се ни загреваше зарем не?“, се запраша Кејн.

„Потоа влегува како замена и од него се очекува да ја врати екипата во игра. Оле му зборуваше дека треба да ја забрза играта, но некогаш е и до играчот. Солскјер ќе добие отказ, ќе ја напушти оваа група“, смета Кин.

Јунајтед на „Олд Трафорд“ оваа сезона веќе изгуби три натпревари (Кристал Палас, Тотенхем и Арсенал) додека против Челзи беше 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем без проблеми до осминафиналето во Лига Европа 🎥

Фудбалерите на Тотенхем вечерва на свој терен го победија Волфсбергер (4:0) и во вториот н…