Дома Трансфер зона Кин: Би било лудост Руни да замине во Кина!

Кин: Би било лудост Руни да замине во Кина!

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин има совет за актуелниот капитен на „црвените ѓаволи“, Вејн Руни за кого се шпекулира дека би можел да замине во Кина.

45-годишниот Кин се огласи по повод шпекулациите за заминувањето на Руни во кинески Тијанжин, каде би станал најплатен фудбалер на светот со заработка од околу 40 милиони евра годишно.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Нема шанси Руни да оди во Кина. Тој може да игра фудбал и тоа на високо ниво во Англија, Шпанија, Германија, Италија. Би било лудост Руни да замине во Кина“, смета Кин.

„Руни има 31 година, има уште што да каже во Европа. Мислам дека не му недостигаат пари“, заклучи легендарниот Ирец.

Последните информации од Острвот велат дека агентот на Руни заминал во Кина каде ги договара последните детали од трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…