Дома Фудбал Килијан Мбапе повеќе не е во хоризонтот на Реал, но ова е новата примарна мета!

Килијан Мбапе повеќе не е во хоризонтот на Реал, но ова е новата примарна мета!

Филозофијата на Реал Мадрид се промени до некаде, Зидан се почесто им дава шанса на играчите од младинските академии на овој тим, но останува големо прашање кој би можел да ги замени Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Герет Бејл во блиска иднина, кога тие нема да бидат на највисоко ниво повеќе, онака како што бара Реал.

Се обидоа со Мбапе, фудбалерот кој летово премина од Монако во ПСЖ, но не успеаа да го донесат бидејќи младиот потенцијал не сакаше да ја промени државата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сега ќе се обидат да донесат некој друг, а првата мета е Кристијан Пулишиќ, како што јавуваат германските медиуми.

Според некои информации Реал е подготвен да понуди и двајца фудбалери, плус пари за Кристијан Пулишиќ, младиот американски фудбалер.

Маркос Љоренте и Лукас Васкез би можеле да бидат понудени, со дополнителна сума за овој фудбалер, а не заборавајте и дека Реал Мадрид е заинтересиран и за играч од средината на теренот, Јулијан Вајгл, и дека и тој би можел да се најде во комбинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…