Ова се вика лоша среќа.
Килијан Мбапе оваа година експлодираше, испиша историја, премина во ПСЖ, но не така одамна еден германски клуб беше на чекор да го доведе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
РБ Лајпцинг беше на чекор од доведување на Мбапе и тоа пред две години, тврди спортскиот директор Ралф Рагник, кој претходно беше и тренер на оваа екипа.
„Малку недостасуваше да го доведеме Мбапе. Проблем беше тоа што клубот само што остана без тренерерот Александар Корнигер. Тоа беше непосредно пред зимската пауза во 2015 година и во тој момент не знаевме кој ќе биде тренер. Таткото на Мбапе ми кажа дека ако можам да гарантирам дека јас ќе бидам тренер нов тренер, тој ќе го убеди својот син да премине во Лајпциг“, изјави Рагник.
Тој тренер на Лајцпиг стана еден месец подоцна и успеа да ја внесе екипата во Бундеслигата пред неговото место да го превземе сегашниот тренер Ралф Хасенхут.