Дома Актуелно Кизиќ блеска, Шишкарев и Скубе загреваат со атракции – Вардар одличен на полувреме! (ФОТО+ВИДЕО)

Кизиќ блеска, Шишкарев и Скубе загреваат со атракции – Вардар одличен на полувреме! (ФОТО+ВИДЕО)

Денес Вардар игра исклучително важен натпревар во Лигата на шампионите против Мотор.

Вардар и покрај сите проблеми започна одлично. Мотор поведе со 0:1, но потоа следуваше серија на Вардар од 4:0 за предност од +3 (4:1). Не застана Вардар туку зголеми и на највисоки +5 (7:2). Неколку минути потоа следуваше изедначена игра, за потоа гостите да започнат да ја намалуваат негативата.

Во 22 минута Мотор стигна и на -1 (11:10). Бидејќи се гледаше дека нешто не оди, Алушовску повика тајм-аут.

По тајм-аутот на Алушовски Вардар повторно го крена нивото на игра и дојде на +3 (13:10).

Кога Вардар имаше +3 тренерот на Мотор повика тајм-аут, меѓутоа ниту тоа не го поремети Вардар. Марко Кизиќ блескаше на голот, а Вардар на минута пред крајот дојде до највисоките +6 (10:6). Мотор во финишот постигна гол за 16:11 на полувреме.

Момент кој треба да се издвои од првото полувреме е и цепелинот на Скубе и Шишкарев.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

КАКО ВИ Е ДОМА? Еве како да ви биде СУПЕР!

Седи дома и забавувај се Сите експерти предупредуваат дека со миењето раце и личната хигие…