Ветеранот Џорџо Киелини официјално потврди дека се повлекува од италијанската репрезентација.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
37-годишниот дефанзивец има 116 натпревари за „аѕурите“, но откако Италија не успеа да избори пласман на Мундијалот, реши да се повлече од репрезентацијата.
Киелини планира да го отстапи местото на помладите и последниот натпревар ќе го одигра против Аргентина на „Вембли“.
„Ако сум здрав, ќе играм и ќе се збогувам со националниот тим на „Вембли“, каде го доживеав и најубавиот момент во кариерата“, изјави Киелини.
Дефанзивецот се уште не донел одлука дали ќе стави крај на кариерата или ќе продолжи уште една сезона во Јувентус.