Стоперот на Јувентус и италијанската репрезентација Џорџо Киелини го пофали својот соиграч Кристиано Роналдо.
Киелини е среќен што денес игра со Роналдо, но потенцира дека Португалецот толку многу пати му ги срушил соништата. Роналдо во дресот на Реал Мадрид неколку пати му пресуди на Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кристиано постигна многу голови против нас и толку пати ги сруши моите соништа – во Кардиф, во Мадрид и во Торино…Пред тоа Лигата на шампионите беше сон, сегаа таа е цел бидејќи го имаме најдобриот играч во светот. Време е да го направиме тој последен чекор“.
„Роналдо има фантастична техника и неверојатен став – фасцинантно е како работи, како се припрема за натпреварите, како живее за секој ден од својот живот. На сите нас би можел да ни биде патоказ“, изјави Киелини.