Дома Фудбал Англија Кејн: Кажувам отворено, сакам да се борам за трофеи

Кејн: Кажувам отворено, сакам да се борам за трофеи

Ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн повторно ги разгоре шпекулациите за неговата иднина со изјавата дека сака да се бори за трофеи.

Кејн нема освоено нити еден трофеј во својата 10-годишна професионална кариера, а Тотенхем и оваа сезона ја загуби битката на сите полиња.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Веќе подолго време се шпекулира дека тоа ќе го натера Кејн да побара трансфер на крајот на сезоната.

„Веќе направив многу нешта на теренот, но има уште многу што сакам да постигнам. Отворено кажувам дека сакам да се борам за трофеи. Тоа е причината поради која станав фудбалер и поради тоа ја играм оваа игра. Тоа се уште не се случило, но има време и сигурен сум дека трофеите ќе дојдат“, изјави Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…