Хари Кејн наводно размислува за заминување од Тотенхем по крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
Како што наведува Телеграф, 26-годишниот напаѓач ќе ги разгледа опциите на крајот од оваа сезона, бидејќи во иднина сака да освојува трофеи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Кејн има договор со Тотенхем до 2024 година и „спарси“ сигурно нема да го пуштат лесно, па се очекува овој трансфер да биде најскапиот во англискиот фудбал.
Она што уште повеќе ги загрижува „спарси“ е што Кејн преферира преселба во Манчестер Јунајтед. Тоа треба да им даде зелено светло на „црвените ѓаволи“ да тргнат по неговиот потпис на лето.