Дома Фудбал Англија Кејн бил во посета на Покетино: Тоа беше голем шок за сите!

Кејн бил во посета на Покетино: Тоа беше голем шок за сите!

Ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн призна дека отказот на Маурисио Покетино бил „голем шок“ и дека бил во посета на својот поранешен тренер.

„Во вторникот вечерта беше голем шок за сите, вклучително и за играчите. Бев да го посетам Маурисио после тоа, разговаравме неколку часа. Убаво беше тоа да го направам пред да стигне новиот менаџер“, изјави Кејн.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Следниот ден за нов тренер на Тотенхем беше назначен Жозе Мурињо, а Кејн вели дека Португалецот е вистински избор.

„Одеднаш имавме нов тренер, еден од најдобрите, па така автоматски морате да се вратите во реалноста и да се фокусирате на играта. Мислам дека Мурињо е вистински избор. Тој е роден победник и сака да победува. Некој со таква репутација ви дава додатна самодоверба“, заклучи Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заработува богатство во Саудиска Арабија, но сака да игра за Англија на СП

Сите беа шокирани кога наместо да игра во Англија, одбра Саудиска Арабија и огромни пари, …