Дома Фудбал Англија Керол: Морав да гледам на гугл кои фудбалери играат за Ливерпул!

Керол: Морав да гледам на гугл кои фудбалери играат за Ливерпул!

Енди Керол е едно од најголемите промашувања во поновата историја на Ливерпул, откако во 2011 година пристигна на „Енфилд“ и стана најскап Британец.

„Црвените“ за неговиот потпис платија повеќе од 40 милиони евра, но Керол не се снајде баш најдобро и неславно ја заврши авантурата на „Енфилд“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Керол за англисите медиуми приза дека тој трансфер дошол како гром од ведро небро за него па откри некои занимливости од тој период.

„Со хеликоптер патував за Ливерпул и морав на гугл да барам кои фудбалери играат за „црвените“. Потпишував за Ливерпул и не знаев кои ќе ми бидат соиграчи! Го знаев Стиви и некои други, но не ги знаев сите“, изјави Керол.

Англичанецот потоа појасни дека не гледа фудбал и дека многу од фудбалерите од Премиер лигата и денес не ги знае.

„Кога соиграчите од Вест Хем разговараат за некој играч. јас се чудам: За кого зборуваат?Понекогаш менаџерот на табла ќе го објави противничкиот тим и јас се прашувам: Кој е овој централен дефанзивец или од каде е? Сите во Вест Хем мислат дека сум чуден”, објаснува Керол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…