Дома Фудбал Останато Келн го победи Словачко, а Германците локалите ги оставија – без пиво!

Келн го победи Словачко, а Германците локалите ги оставија – без пиво!

Вчера вечерта натпреварот во Ухерски Хардиште беше прекинат уште во осмата минута поради густа магла. Двете екипи прифатија натпреварот да се одигра денес со почеток во 13:00 часот, а на крајот до посакуваниот триумф стигнаа „јарците“.

Одлучувачкиот момент натпреварот се случи во 82. минута кога Онжеј Дуда од единаесет метри погоди за победа на Келн. Треба да се спомене дека ова беше втор досуден пенал на натпреварот, првиот не го реализираше Флорија Кеинц, одлично одбрани Филип Ангуен.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Словачко не беше безопасен и во неколку наврати беше блиску до гол, при што еден удар заврши во стативата од германскиот го. На едно коло пред крајот во групата Ница е лидер со осум бода исто колку што има и Партизан, Келн е трет со седум, Словачко последен со четири бода.

Келн иако играше на гости имаше голема поддршка од своите фанови, па интересна беше објавата на германските медиуми дека во локалите каде што се играл натпреварот снемало пиво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Семењо има клаузула која би го олеснила трансферот уште во јануари

Крилото на Борнмут Антоан Семењо, кој е поврзуван со повеќе водечки клубови во Премиер лиг…