Најмладиот дебитант во македонската репрезентација Дарко Чурлинов е пред трансфер во Штудгарт објави германскиот весник „Билд“.
Штудгарт долго време го следи Чурлинов и веќе некое време се најавува неговиот трансфер. Сега „Билд“ тврди дека договор може да биде брзо постигнат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Келн македонскиот фудбалер сезонава дебитираше во Бундес лигата, но тоа беше на стартот од сезоната, потоа не доби многу прилика за игра. Чурлинов почесто е дел од младинскиот тим на Келн кој се натпреварува во регионалната лига во Германија.
„Трансферот на македонскиот репрезентативец во Штудгарт е пред реализиација“, најави „Билд“ кој важи за еден од најдоверливите медиуми, посебно кога станува збор за германскиот трансфер пазар.
Во овој момент не е познато колку би платил Штудгарт на Келн за да го доведе Чурлинов.
Laut Bild steht der Transfer von Darko Churlinov kurz vor dem Abschluss.https://t.co/CrRMNdOJtk #VfB
— Zolastico (@ZoZen44) January 3, 2020