Играчот за врска на Јувентус и германската репрезентација, Сами Кедира јавно призна дека сака да се пресели во Премиер лигата.
31-годишниот Германец има договор на уште една сезона со Јувентус, но големи се шансите да го напушти италијанскиот шампион ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за Кедира покажуваат Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал, а тој не крие дека сака да заигра во Премиер лигата.
„Договорот со Јувентус истекува по една година, но јас веќе размислувам за иднината. Уживам во Торино, но сакам нови предизвици. Сакам да освојам што е можно повеќе титули. Од големите првенства не сум бил шампион само во Англија, бидејќи се уште не сум играл таму. Во Шпанија, Германија и Италија веќе сум ја кренал титулата. Затоа Премиер лигата е многу привлечна за мене. Трофеј од неа би ја пополнил мојата колекција. Сепак тешко е да се каже што ќе се случи во иднина“, рече Кедира.
Sami Khedira insists he is ‘happy’ at #Juventus but wants to win the Premier League to ‘complete his collection'…https://t.co/5XRsiC3FCw pic.twitter.com/sxyrax3u6N
— footballitalia (@footballitalia) May 6, 2018