Дома Фудбал Италија Квардадо се посрамоти: Поранешниот играч на Јувентус кој почина од леукемија го замени со Рабио (ФОТО)

Квардадо се посрамоти: Поранешниот играч на Јувентус кој почина од леукемија го замени со Рабио (ФОТО)

Во Јувентус 25. април не е обичен ден, клубот од Торино се потсети на Андре Фортунато, одличниот бек кој почина на 25 години од леукемија.

„Старата дама“ на социјалните мрежи објави фотографија со опис дека се уште е во срцата на сите на оние на кои Јувентус им е драг.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На оваа фотографија гаф во коментарите направи сегашниот играч на Јувентус, Хуан Квардадо. Колумбиецот Фортунато го замени со Адриен Рабио кој е негов сегашен соиграч во Торино.

„Адриен, дали си ти ова“?, напиша Квардардо.

По некое време Квардадо се огласи со извинување.

„Ја видов фотографијата и не го прочитав описот што се случило. Само ја видов и мислев дека е Рабио, им се извинувам на сите“, објави Колумбиецот неколку часа подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Магваер подготвен да одбие импресивна понуда од Саудиска Арабија за да остане во Јунајтед

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Магваер, е подготвен да одбие грандиозна понуда о…