Дома Фудбал Италија Кварацхелија става потпис, познати сите детали

Кварацхелија става потпис, познати сите детали

Квича Кварацхелија е вистинско откритие на Серија А оваа сезона и се промовираше во вистински лидер на Наполи, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Грузиецот има ефект од 12 гола и 12 асистенции на 23 натпревари во Серија А, па заедно со Осимен го води Наполи кон Скудетото после многу години.

Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за Грузиецот, но Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и е блиску до продолжување на договорот.

Веќе е постигнат договор, па Кварацхелија наскоро ќе стави потпис на нов договор до 2028 година според кој ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

Не е познато дали во договорот ќе има откупна клаузула, но медиумите шпекулираат дека таа може да изнесува 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кој е Елој Рум? Српскиот зет кој го воодушеви светот на Мундијалот и речиси го собори светскиот рекорд (Видео)

Имавме прекрасна приказна во првото коло кога се работи за голмани, и ја имаме и во второт…