Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во голема мера бара засилувања за јануарскиот трансфер период.
„Посебниот“ сака играчи кои можат да му помогнат за да ја поправи сезоната, а меѓу оние кои би можеле да пристигнат на „Олд Трафорд“ е нигерскиот фудбалер Виктор Мосес. Овој 27-годишен фудбалер е заборавен во Челзи кај новиот тренер, Маурицио Сари. Започна само еден натпревар оваа сезона и обложовалниците ги намалија квотите дека Мосес ќе го напушти клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најголеми шанси за неговото доведување англиските обложувалници му даваат на Манчестер Јунајтед. Убедени се дека Мурињо ќе се обиде да го доведе на „Олд Трафорд“, па понудија коефициент 4 на овој трансфер. Блиску до Јунајтед е поранешниот клуб на Мосес, Кристал Палас (2007-2010). Квотата дека ќе го ангажираат е 4,30, а меѓу кандидатите е уште Евертон (5,50), Вулверхемптон, Лестер, Вотфорд, Арсенал, Ливерпул…
Мосес изгледа дека полека ги пакува куферите, а доколку си замине тоа ќе биде негово четврто заминување од „Стемфорд Бриџ“, бидејќи претходно си замина на позајмица во Ливерпул, Стоук и Вест Хем.