Дома Фудбал Останато „Кај Касано видов работи кои не сум ги видел дури и кај Меси, ама го мрзеше да тренира“

„Кај Касано видов работи кои не сум ги видел дури и кај Меси, ама го мрзеше да тренира“

Антонио Касано е фудбалер кој во текот на целата негова кариера привлекуваше внимание.

Касано имаше голема кариера, но сигурно можеше да има и уште поголема ако повеќе беше посветен на тренинзите. На таа тема зборуваше и Аргентинецот, Леонардо Куфре кој со Касано играше во Рома.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Со Антонио имам многу добри спомени. Ако беше малку попрофесионален ќе станеше еден од најдобрите во светот. Во кариерата видов многу малку играчи како него. Тој не беше човек што пие алкохол и останува доцна во ноќта, но го мрзеше да тренира. Кај него видов работи што не сум ги видел кај Меси со кого играв во 2006 година. Едноставно тој мислеше дека може да постигне се што сака во фудбалот без тренира или пак тоа да го прави многу малку“, изјави Куфре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер ја добива битката со Наполи: Во Милано пристигнува француски репрезентативец!

Енди Дијуф од редовите на Ленс наскоро ќе биде промовиран како ново засилување на вицешамп…