Дома Фудбал Франција Катарците „фрлија“ повеќе од една милијарда за 10 години за ПСЖ да ја освои ЛШ

Катарците „фрлија“ повеќе од една милијарда за 10 години за ПСЖ да ја освои ЛШ

Поминаа нешто повеќе од десет години откако шеиците од Катар го преземаа ПСЖ кон крајот на мај 2011 година и во рекорден период тие го претворија клубот во еден од најатрактивните и најскапоцените клубови во светот.

ПСЖ од тогаш започна да доминира во француското првенство, но успехот во Европа изостанува. Шеиците никогаш не криеле дека ја посакуваат Лигата на шампионите. Со испаѓањето од Реал Мадрид стана јасно дека тој потфат нема да им успее ниту во 11. сезона во низа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Богатите сопственици вооопшто не штедеа кога носеа скапоцени ѕвезди, така ПСЖ за оштета на нови играчи со Катарците потроши неверојатни 1.41 милијарда евра во последните години. Во само три преодни рока од сезоната 2016/2017 до 2018/2019 потрошија нешто повеќе од 600 милиони евра.

Двата најголеми трансфери во ПСЖ воедно се и најголемите трансфери во историјатан а фудбалот. За Нејмар платија 222 милиони евра, за Мбапе 145 милиони евра. Тука беа уште засилувања како: Ди Марија (63 милиони евра), Кавани (65 милиони евра), Давид Луиз (50 милиони евра), Мауро Икарди (50 милиони евра), Тијаго Силва (42 милиони евра), Хавиер Пасторе (42 милиони евра), Лукас Моура (40 милиони евра), Леандро Паредес (40 милиони евра)…

На продажба на играчи во истиот период заработија околу 450 милиони евра, па клубот од нивното владеење од заминувања и купување на играчи е во минус од околу 950 милиони евра. Платите на играчите исто така беа огромни, шеиците воопшто не штедеа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…