Дома Фудбал Каталонија во ШОК: Меси призна, Барса не е негова ПОСЛЕДНА дестинација!

Каталонија во ШОК: Меси призна, Барса не е негова ПОСЛЕДНА дестинација!

Аргентинскиот напаѓач, Лионел Меси уште не го продолжил договорот со Барселона.

На Меси актуелниот договор му истекува на крајот на оваа сезона. Преговорите со каталонскиот клуб се уште траат. Иако Барселона во август оваа година објави дека Меси ставил потпис на четиригодишен договор, тоа на крајот испадна дека е дезинформација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на светот, моментално се наоѓа на собир со аргентинската репрезентација, а на тамошните медиуми им даде интересна изјава.

„Мојата желба и натаму е да заиграм за Њувелс Олд Бојс, тоа е мој голем сон. Иако не знам дали тоа ќе може да се реализира. Можеби за неколку години, но сигурно ќе се вратам во родниот град. Само сакам да останам во ваква форма па да заиграм за клубот од мојот Росарио“, истакна Меси.

Аргентинецот во Барселона пристигна од Њјувелс во 2000. година кога имаше само 13 години. Барселона ја презеде целата грижа за неговото лечење, со оглед на тоа дека имаше проблеми со хормоните за раст, а за првиот тим дебитираше во 2004. година.

За Барселона одигра 600 натпревари, постигна 523 погодоци со 234 асистенции. По драмата околу потпишувањето на новиот договор, во кој би имал оштетна клаузула од 300 милиони евра, се јави Манчестер Сити кој по секоја цена го сака Меси. Ако не го продолжи договорот, Меси наскоро би можел да ги започне преговорите со заинтересираните екипи…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…