Дома Фудбал Репрезентации Касано: Против Шпанија требаше да изгубиме 5:0

Касано: Против Шпанија требаше да изгубиме 5:0

Легендарниот италијански напаѓач Антонио Касано предизвика бурни реакции со својата последна изјава.

Касано изјави дека Италија требало да изгуби 5:0 од Шпанија во полуфиналето на Европското првенство и дека „Фуријата“ заслужила да игра финале.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Бевме одлични во групната фаза, но веќе против Австрија се мачевме. Белгија исто така имаше шанси да не елиминиран. Против Шпанија требаше да изгубиме 5:0“.

Кога е финалето во прашање смета дека Италија заслужено победила.

„Против Англија после слабиот почеток го освоивме теренот и доминиравме. Пикфорд имаше неколку добри интервенции. Бевме подобри и заслужено победивме“, изјави поранешниот репрезентативец на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мартинели се извини: Не знаев дека е сериозна повредата на Бредли

Дуелот помеѓу Арсенал и Ливерпул заврши во четврток навечер без голови и победник, а во це…