Емилијано Сала трагично го загуби животот пред да се пресели од Нант во редовите на Кардиф во зимскиот преоден рок во 2019 година, а сега фудбалската јавност е шокирана откако Кардиф побара од Нант да им исплати сума од 95 милиони евра како оштета.
Трансферот на Сала беше договорен и Аргентинецот требаше да пристигне во Кардиф, но неговиот авион се урна на враќањето кон Островот откако отпатува во Нант да се поздрави со поранешните соиграчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега од Кардиф бараат огромна оштета затоа што сметаат дека ако го имале Сала во тимот тој ќе помогнел во тимот во враќањето во Премиер лигата кое би донело поголеми приходи за клубот од ТВ правата, спонзорите и останатите реклами.
Le quotidien anglais « The Sun » avance que Cardiff City a réclamé 95 M€ de dédommagement au FC Nantes dans l'affaire de la mort d'Emiliano Sala. Ce dont le club gallois se défend https://t.co/0rObi1u9NL pic.twitter.com/PiCv6GZDfs
— L'ÉQUIPE (@lequipe) April 26, 2022