Легендарниот тренер Фабио Капело, во интервју за „Газета дело Спорт“ го советуваше својот поранешен клуб Милан за именување на нов тренер.
Стефано Пиоло нема да остане на клупата на Милан, а управата веќе е во потрага по негов наследник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првично се спомнуваше Лопетеги, а сега како фаворити важат Португалците, Паоло Фонсека и Сержо Консеисао.
На Капело не му е јасна таквата стратегија и го советува Милан да не носи странски тренер.
„Се чудам зошто Милан бара тренер од странство. Погледнете во последните 24 години, само Мурињо успеа да го освои Скудетото. Тоа треба нешто да значи за италијанските клубови“, изјави Капело.