Во наредните десетина денови не очекува нас почетокот на квалификациите за Европското првенство и враќањето на репрезентативниот фудбал после неколку месеци пауза.
Денес започнуваат собирите на репрезентатициите и првите тренинзи пред натпреварарите од квалификациите за Европското првенство, а ќе видиме и пријателски натпревари. Собирот започна и репрезентацијата на Франција. Кога се светските шампиони во прашање најголемото внимание го привлече Н’Голо Канте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој фудбалер често пати знае да ги „украде“ симпатиите од фудбалскиот свет. Сега одновно за Канте се пишува многу позитивно.
Имено, денес „Л’Eкип“ објави дека Канте стигнал прв на осбирот и ова не е некоја вест затоа што секако некој мора да биде прв. Меѓутоа во Франција тоа не можел да биде никој друг освен Канте затоа што тој во репрезентацијата се појавил – шест часа порано од договорениот термин!
Посебно е интересно што Канте вчера со почеток од 17:30 часот играше натпревар за Челзи во Премиер лигата. Сепак, тоа не го спречи на собирот да се појави пред сите други и пред колегите кои клупските обврски ги завршија многу порано од Канте.
Навистина потег со кој Канте уште еднаш ја воодушеви фудбалската јавност ширум светот и тешко дека некој фудбалер може да го надмине кога во прашање се ваквите и слични работи.
N’Golo Kanté turned up at France’s training base Clairefontaine at 6:30am this morning, to report for international duty – 6 hours early.
He’s even bettered his punctuality. Is there anything this man can’t improve? #NGoloStuff #Humble pic.twitter.com/1EP6ya98y1
— N’Golo Stuff (@NGoloStuff) March 18, 2019