Дома Фудбал Останато Кандрева може да го напушти Интер, но само под еден услов

Кандрева може да го напушти Интер, но само под еден услов

Антонио Кандрева запиша само седум настапи во Серија А оваа сезона, три пати од тие влезе од клупата.

Во Лигата на Шампионите има четири настапи, но исто така само три од клупата. Јасно е дека Спалети повеќе не смета сериозно на него, минатото лето се поврзуваше со заминување во Монако, во замена за Кеита Балде, на крајот остана во Милано, Сенегалецот е доведен на позајмица со право на откуп.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сепак, ништо не се промени, Кандрева изгледа дека може слободно да си оди, а за неговите услуги за сега е заинтересиран Торино. „Биковите“ со задоволство би сакале да го видат во своите редови, но ќе го ангажираат само под услов да останат без Алехандро Беренгер. Шпанецот е на радарот на Бетис и Атлетик Билбао, а Торино следното лето би бил спремен да го продаде и како замена да го доведе Кандрева, кој е во Интер од 2016. година, кога пристигна од Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…