Дома Фудбал Лига на шампиони Калчото се враќа: Клубовите од Италија немале ваков учинок во ЛШ уште од пред „Калчополи“!

Калчото се враќа: Клубовите од Италија немале ваков учинок во ЛШ уште од пред „Калчополи“!

serie a

Италијанските клубови на стартот од сезоната играат одлично во Лигата на шампионите и после вчерашните натпревари го подигнаа коефициентот на италијанската над англиската (тука).

Клубовите од Апенините од поодамна не играле во најелитното европско натпреварување како на стартот оваа сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италија има четири претставници во групната фаза од Лигата на шампионите – Јувентус, Рома, Наполи и Интер. Овие четири клуба во првите две кола, односно вкупно осум натпревари забележаа шест победи.

Последно вакво нешто на клубовите од „чизмата“ им успеало уште во 2005 година, една година пред да се појави скандалот со наместени натпревари „Калчополи“.

Засега Интер и Јувентус имаат максимален број на бодови (6), Наполи освои четири, додека Рома е најслаба со три, но и тие се во добра позиција за пласман во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…