Сметаат дека имаат ужасен третман кај судиите.
Иако Лацио во вчерашниот натпревар ги освои сите три бода во Фиренца (3:4), испратија жалби на сметка на судењето во Италија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Заслужена победа на Лацио во Фиренца, но не смееме да го премолчиме скандалозното судење. Вчерашниот натпревар беше врв на се. Премногу груби грешки беа на штета на Лацио и тоа не може да биде случајност“.
„Едноставно јасно е дека на некого не му одговара тоа што Лацио игра добро. Овој куб на некого е трн во око“, заклучи новинарот Артуро Диаконале во една радио емисија.