Напаѓачот на Милан, Никола Калиниќ конечно би требало да го реализира својот трансфер во Атлетико Мадрид.
За заминувањето на Калиниќ во редовите на шпанскиот гигант се пишува долго време, а овој трансфер според пишувањето на шанските и италијанските медиуми е пред реализација. Сепак, Калиниќ и понатаму е во Милан, но сега италијанскиот стучнак за трансфери, Џаклука Ди Марцио соопшти дека се е конечно спремно за финализирање и дека хрватскиот напаѓач утре ќе ги направи лекарските прегледи, а потоа ќе биде претставен во дресот на Атлетико Мадрид.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Калиниќ би требало во Атлетико да пристигне на едногодишна позајмица, а Мадриѓаните ќе имаат опција да го откупат неговиот договор за околу 18 милиони евра. Потсетуваме, Калиниќ во Милан пристигна минатото лето од Фиорентина за околу 25 милиони евра, но минатата сезона постигна само шест гола за „Росонерите“.