Вечерва не очекува италијанското дерби помеѓу Милан и Јувентус.
Од поодамна дербито помеѓу Милан и Јувентус не привлекувало внимание како денес. Милан има одлична сезона и како лидер ќе го пречека Јувентус. Иако во Јувентус Алекс Сандро и Хуан Квардадо беа заразени со коронавирусот, тимот утрово отпатува за Милано и натпреварот ќе се игра. Треба да се спомене дека Квардадо овој натпревар немаше да го игра и да не беше позтивен затоа што е суспендиран.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Андреа Пирло против поранешниот клуб ќе мора нешто да смисли. Се најавува дека Мерих Демирал би можел да игра како десен бек, а лево може да биде Данило. Стоперскиот тандем ќе го сочинуваат Бонучи – Де Лихт. Во средниот ред веројатно ќе стартуваат Киеза, Рамзи, Бентакур и Рабио, а напред Дибала и Роналдо.
Кога во прашање е Милан, ќе недостасува Ибрахимовиќ, нема да настапи ниту суспендираниот Тонали, потоа Бенасер и Салемакерс, но се врати одличниот Тео Ернандез.
Составот на Милан би требало да изгледа вака: Донарума, Калабрија, Кјаер, Ромањоли, Хернандез, Круниќ, Кеси, Кастиљехо, Чалханоглу, Ребиќ и Леао.