Дома Фудбал Останато Како ѕвездата на Ајакс се одмаздила на две девојки кои го исмејувале во младоста

Како ѕвездата на Ајакс се одмаздила на две девојки кои го исмејувале во младоста

22 годишниот Давид Нерес игра одлично во Ајакс и е еден од најбараните крилни играчи во Европа.

Со своите настапи си обезбеди повик во бразилската репрезентација, па така доби дополнителна слава во својата земја. Нерес таа слава ја искористил да им се одмазди на две девојки кои го исмејувале додека бил тинејџер.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Кога бев тинејџер две девојки ме исмејуваа. Кога се вратив во својот град пет години подоцна ги одведов во хотел со пет ѕвезди. Таму им кажав дека морам да одам до тоалет, ги земав клучевите од автомобилот и си отидов дома без да ја платам собата“, изјави Нерес.

Нерес во април оваа година раскажа како ја завел германската манекенка Кира Винона.

„Ја видов на Инстаграм и одлучив да и испратам порака во која пишуваше: Јас сум Давид Нерес. Сакаш ли да излеземе? Тоа беше доволно“, раскажа тогаш Нерес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Потврдена лошата вест: Баерн ослабен на гостувањето кај Интер

Иако во Баварија веруваа дека Мануел Ноер ќе биде подготвен за реваншот со Интер, тоа сепа…