Дома Фудбал Тежок удар за Наполи: Заврши сезоната за еден од најважните фудбалери во тимот на Конте

Тежок удар за Наполи: Заврши сезоната за еден од најважните фудбалери во тимот на Конте

Наполи го изгуби многу важниот играч, најверојатно до крајот на сезоната. Повреда на мускулот на левата нога во моментов го мачи 28-годишниот Бразилец Давид Нерес.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клубот официјално не објави колку долго ќе биде Нерес надвор од теренот, но италијанските медиуми најавуваат дека речиси е сигурно дека Нерес е изгубен до крајот на актуелната сезона во која Наполи води голема борба со миланскиот Интер за титулата шампион на Серија А. Пет кола пред крајот, двата тима имаат по 71 бод.

Давид Нерес оваа сезона одигра 25 лигашки натпревари за Наполи и постигна два гола.

Распоредот на Наполи до крајот на сезоната е полесен од оној на Интер, а покрај тоа, миланскиот клуб има уште обврски во домашниот Куп и во Лигата на шампионите. Наполи ќе одигра три домаќински натпревари до крајот на сезоната, против Торино, Џенова и Каљари, додека гостува кај Лече и Парма.

Интер на својот терен ќе ги дочека Рома, Верона и Лацио, додека гостува кај Торино и Комо.

Фото: SSC Napoli/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона потврди дека Левандовски си оди, а потоа Флик донесе одлука за Рашфорд

Барселона вчера потврди дека Роберт Левандовски по четири години го напушта каталонскиот к…