Дома Фудбал Репрезентации „Како швајцарски часовник“, Панама учеше фудбал (ВИДЕО)

„Како швајцарски часовник“, Панама учеше фудбал (ВИДЕО)

Фудбалската селекција на Швајцарија на Панама и оддржа час по фудбал и славеше со убедливи 6:0, а покрај тоа сите погодоци ги постигнаа во 45 минути, додека по првото полувреме веќе беше 4:0.

Швајцарците го оправдаа она познатото „како швајцарски часовник“, делуваа сите како еден, разиграни, точни, прецизни, ефикасни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Панама не е атрактивен ривал, но нема лесно да се сетите дека речиси некој вака го соборил својот ривал на репрезентативно ниво.

За Швајцарија вечерва во листата на стрелците се запишаа Џемаили, Џака од пенал, Емболо, Кубер, Дрмиќ и Фабијан Фреј. Исто така треба да се напомене дека Швајцарија вечерва играше без својот најдобар играч – Џердан Шаќири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал сака асот на Челси, но нема да плати повеќе од 100 милиони евра

Енцо Фернандез, играч за врска на Челси и најскапиот играч во историјата на клубот, официј…