Дома Македонски спорт Како младиот Нестор решета во Победа – еден гол ќе ве потсети на епскиот на Карлос! (ВИДЕО)

Како младиот Нестор решета во Победа – еден гол ќе ве потсети на епскиот на Карлос! (ВИДЕО)

Илија Несторовски во овој момент е македонски репрезентативец и е добро познат на македонската јавност, меѓутоа колкумина од вас се сеќаваат и го знаат од времето кога како млад фудбалер ја започнуваше кариерата во прилепска Победа?

Сега е период кога нема спортски случувања, па така случајно на интеренет налетавме на едно видео во кое се собрани најдобрите моменти oд до тогаш од кариерата на Нестор.

Несторовски во описот на видеото е опишан како „Најдоброто од Победа“, а е направено две години подоцна откако Нестор беше избран за најдобар млад фудбалер во Македонија во 2008 година.

Во видеото се прикажни голови и потези на Несторовски од младинските репрезентации на Македонија и дресот на Победа. Мораме да признаеме дека има неколку фантастични голови.

Изгледајте го цело видео, но посебно ви препорачуваме да посветите внимание на голот кој е на 5:18 видеото. Какво ремек дело…

Да ќе има и такви кои ќе кажат дека е претерано. Но, мене тој гол (на 5:18) по првото гледање ме потсети на епскиот на Роберто Карлос.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ОФИЦИЈАЛНО: Мечот Македонија – Косово по втор пат одложен!

Oна што и се очекуваше сега доби и официјална потврда – УЕФА по втор пат го одложи натпрев…