Дома Фудбал Англија Казорла: „Дојде време да ви кажам како Венгер ми ја спаси кариерата“

Казорла: „Дојде време да ви кажам како Венгер ми ја спаси кариерата“

Шпанскиот фудбалер, Санти Казорла по речиси две години конечно се врати на теренот и во дресот на Виљареал, каде што ова лето пристигна како слободен играч.

Казорла го напушти Арсенал на крајот од минатата сезона откако неговиот договор истече, но засекогаш ќе му биде благодарен на лондонскиот клуб и на поранешниот тренер, Арсен Венгер за сето она што го направил за него. Кога ја заработи тешката повреда, Венгер не сакаше да се откаже така лесно, иако знаеше дека постои шанса Казорла да ја заврши кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По тешката повреда, Казорла мислеше за договорот кој таа сезона му заврши во Арсенал. Меѓутоа, тогаш Венгер направи одлична работа и одлучи дека ќе му даде на Казорла уште една година договор, што на крајот беше клучно во неговото закрепнување.

„Арсен секогаш ме поддржуваше и време е да откријам како ми ја спаси кариерата. Го продолжив договорот пред првата операција и тоа беше навистина одличен гест. Ме повика и ми кажа дека сака да ја продолжиме соработката на уште една сезона, ги донесе документите и ми рече дека сега можам да одам на операција без страв околу договорот. Тоа ми помогна и во закрепнувањето, секогаш ќе му бидам благодарен за тоа“, изјави Казорла.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ЈУНАЈТЕД НЕ ЖАЛИ ПАРИ: Ќе го рушат рекордот за потпис на големо засилување!

Манчестер Јунајтед се наоѓа на седмото место во Премиер лигата, со променливи игри. Послед…