Наполитанците не можеа да го гледаат дуелот помеѓу Интер и Јувентус (2:3), а тоа се покажа како и подобро решение.
Наполи има еден бод помалку од водечкиот Јувентус и се надеваше на кикс на „Старата дама“ во Милано, меѓутоа, Јуве, иако губеше 2:1, дојде до резултат од 3:2 и ќе остане лидер и по ова коло. Тренерот на Наполи, Маурицио Сари одлучи да ги одведе играчите на вечера во хотелски ресторан каде што немаше ТВ и од нив побара да ги остават телефоните на страна за да не ги гледаат настаните од Милано.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
По реакцијата на келнерите, кои навивале против Јувентус можеа да забележат дека работите одат добро за Наполи, но тоа беше пред во последните минути тимот од Торино да постигне два гола и да дојде до пресврт. Подоцна имало разочарување кога го погледнале резултатот, но играчите на Наполи денеска одат во Фиренца по победа и не се откажуваат од титулата.
Наполи по Фиорентина го пречекува Торино, па оди на гости во Сампдорија и ќе го пречека Кротоне, додека Јуве има дуели дома со Болоња и Верона и гостување во Рома.