Дома Фудбал Останато Кавани до навивачите на Јунајтед: Морате да верувате во овој тим!

Кавани до навивачите на Јунајтед: Морате да верувате во овој тим!

Навивачите на Манчестер Јунајтед никако не можат да бидат задоволни од настапите на својот тим.

Манчестер е на шестото место во првенството, а на последните пет натпревари славеше само еднаш. Сепак, одличниот напаѓач Едисон Кавани порачува дека навивачите мора да веруваат во тимот.

„Се ќе направиме да напредуваме и мојата порака е да веруваат во овој тим и нас играчите. Кога е така можеме да се вратиме со напорна работа и победи“, изјави Кавани.

За Манчестер Јунајтед Кавани постигна 18 голови во 47 натпревари.

„Вербата е важна за луѓето. Во многу работи кои ги работиме потребна е да веруваме. Така е и во фудбалот, морате да верувате во колегата од тимот“, порача Уругваецот.

Во викендот кој следи Манчестер Јунајтед ќе гостува кај екипата на Вотфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Седлоски по поразот: „Тажни сме, но мора да продолжиме да работиме“

Селекторот на македонската репрезентација Гоце Седлоски призна дека поразот тешко им падна…