Дома Останати Кабиб се налути и најави пресврт: Испратете ми ја локацијата доаѓам!

Кабиб се налути и најави пресврт: Испратете ми ја локацијата доаѓам!

Рускиот борец Кабиб Нурмагомедов изгледа е спремен на шокантен пресврт кога е во прашање борбата со Тони Фергусон која беше и уште е закажана за на УФЦ 249 евентот.

Кабиб вчера се огласи и бараше навивачите да го разберат.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Додека седев дома и ги читав реакциите на луѓето излегува дека цел свет треба да седи дома, а Кабиб е единствениот ослободен кој треба да лета низ светот само за една борба? Јас разбирам и сум разочаран повеќе од вас за откажувањето. Имав навистина многу планови за после борбата, но не можам се да контролирам. Најголемите компании низ светот се шокирани од тоа што се случува, ситуацијата се менува секој ден, но Кабиб мора да се бори, тоа го кажувате? Чувајте се и обидете се да се ставите во моја кажа“, гласи реакцијата на Кабиб.

Фергусон беше бесен.

„Изневиран сум. Можеше да остане овде. Беше во Абу Даби, имаше шанси да се врати пред границите да се затворат. Сепак одлучи да оди во Дагестан. Кабиб е пи*ка! Му кажав дека ќе го избришам подот со него и типот избега“, порача Фергусон.

По критиките изгледа Кабиб е спремен да се обиде да ја напушти Русија.

„Во овој момент, ако ми ја испратите локацијата и ако можам да излезам од Русија доаѓам во било која земја. САД, Абу Даби, не е важно…Ќе се борам 100%! Само испратете ми ја локацијата. Секој ден му испраќам пораки на Дајна: „Еј, каде е локацијата?“. Ова не е моја грешка. Првата работа која ме излудва е што луѓето зборуваат дека сум се повлекол – не го разбирам тоа. Јас се уште тренирам и се спремам за мечот уште од декември“, гласи новата порака Дагестанецот.

Изгледа сепак не е 100% одложена борбата и по ова обраќање на Кабиб можеби можеме да веруваме и дека конечно ќе се реализира. Ќе потсетиме, ова е веќе петти пат да се закажува борба помеѓу Кабиб и Фергусон, претходно поради разни причини четири пати беше одложувана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…