Кабиб Нурмагомедов изразил желба кариерата да ја заврши со борба прптов ММА легендата Џорџ Сент Пјер.
За оваа борба се зборува од поодмна. УФЦ е спремна да реагира ако Сент Пјер ја прифати таквата борба, а Кабиб неодамна изјави:
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Таа борба е сон на мојот татко. Би сакал да се борам со Сент Мјер, а Дајна Вајт ми кажа дека после борбата со Гатје ќе се преговара. Ако тој се согласи борбата ќе се одржи, УФЦ и јас сме спремни“, изјави Кабиб.
Тренерот на Кабиб Хавиер Мендес тврди дека оваа борба би го одредила најдобриот на сите времиња.
„Навистина е така. Кабиб исто тврди дека борецот кој би го победил Сент Пјер би бил најдобар во историјата. Голема е можноста таа борба да се случи по онаа со Гатје“, изјави Мендес.
Сент Пјер во кариерата беше шампион во средна и велтер категорија. Одработи вкупно 28 борби (26:2), но измеѓу 2013 и 2017 година имаше долга пауза.