Дома Останати Кабиб за нова борба со Конор: Ме молеше да го оставам жив, а сега сака реванш

Кабиб за нова борба со Конор: Ме молеше да го оставам жив, а сега сака реванш

Кабиб Нурмагомедов и Дастин Пориер вчера го имаа првото соочување пред мечот за титулата во УФЦ во лесна категорија.

УФЦ веќе започна со промоција на борбата која ќе се одржи на 7-ми септември, а новинарите ги интересираше дали Кабиб после оваа борба ќе се согласи на нова пресметка со Конор Мекгрегор.

Дагестанецот во октомври минатата година го совлада Ирецот, а после борбата настана вистински хаос, Кабиуб тргна во публиката да се пресмета со еден од тренерите на ирскиот борец.

Сега Кабиб јасно порача дека засега нема намера да се бори со Кабиб.

„Во последните три години имаше аматерски меч во бокс и една победа. Со што заслужи реванш? Во последната борба ме молеше да го оставам жив, а сега сака реванш“, изјави Кабиб и додаде:

„Тони Фергусон е на ред, луѓето кои имаат победнички низи ме интересираат. Не ме интересира тип кој три години не може никого да победи“, истакна Кабиб.

Мекгрегор можеби нема низа, но дефинитивно дека нова борба помеѓу Кабиб и Конор е нешто кое сака да го види целиот спортски свет.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Возач од Формула Е наместо да вози сам на виртуелна трка, си ангажираше гејмер, па доби казна!

Возачот од Формула Е, Даниел Абт направи несекојдневен прекршок затоа што на една виртуелн…