Веројатно само газдата на Воска знае кога има намера да запре со засилувањата, новиот второлигаш доведе низа квалитетни фудбалери со цел клубот веднаш да се бори за промоција во најсилната конкуренција.
Најново засилување за Воска е Христијан Грозданоски. Грозданоски минатата сезона играше за Работнички и беше стандарден во одбраната.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Воска сигурно е најактивниот клуб на трансфер пазарот кај нас, останува да видиме како тренерот Раде Цицмиловиќ ќе ги вклопи новите имиња.
Коментари