Дома Останати И Федерер изненаден поради правилото кое му помогна: Никогаш не сум слушнал за такво нешто

И Федерер изненаден поради правилото кое му помогна: Никогаш не сум слушнал за такво нешто

federer

Во тенискиот свет и понатаму најмногу се зборува одлуката на организаторите на Австралија Опен да го затворат кровот во финалето помеѓу Роже Федерер и Марин Чилиќ.

И во текот на турнирот голем број љубители на тенисот обвинуваа дека Федерер е фаворизиран од страна на организаторите и дека поради тоа поголемиот дел од натпреварите ги играл во вечерниот термин (да ги избегне високите температури во Мелбурн).


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Федерер шест од седум натпревари одигра во вечерен термин и тоа втора година во низа.

Голема прашина во тенискиот свет крена и вчерашната одлука за затварање на кровот, правило за кое и самиот Швајцарец призна дека прв пат слуша.

„Кога стигнав во комплексот бев спремн да играм во услови без кров. Тогаш ми кажаа дека размислуваат за затварање на кровот. Бев изненаден кога слушнав дека постои правило за високи температури во вечерните термини. Никогаш претходно не сум слушнал за тоа“, изјави Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Хаос пред дербито во Хрватска: „Торцида“ во жесток судир со полицијата 🎥

Вечерва во Хрватска се игра дербито помеѓу Риека и Хајдук, а пред овој натпревар ултрасите…