Дома Македонски спорт Мак фудбал И скандирање и аплаузи и награда „дијаманту“ – заслужи се!

И скандирање и аплаузи и награда „дијаманту“ – заслужи се!

Вчера во македонскиот фудбал беа доделени наградите за најдобрите во изминатата сезона. Една од главните награди отиде во рацете на македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас – најдобар репрезент на Македонија за 2019 година.

Оваа награда Елмас апсолутно ја заслужи, конкуренти му беа Стефан Ристовски кој го носи дресот на Спортинг и Езгјан Алиоски од Лидс.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Елмас има само 20 години, а македонската јавност во него веќе гледа еден од лидерите. Наградата за најдобар репрезент за Елмас треба да биде дополнителем мотив и поттик заедно со останатите репрезентативци да го победат Косово, да слават потоа и во финалето и за прв пат да не одведат на едно ЕП!

Сега да се свртиме малку назад и да погледнеме како Елмас ја заслужи оваа награда.

Први работи кои ни паѓаат на памет сигурно се трансферот во Наполи и голот во големото турско дерби против Галатасарај. Со трансферот во Наполи стана најскапиот македонски фудбалер, Наполи за него плати 16 милиони евра, а тој потпиша договор на пет години вреден 7.5 милиони евра.

Колку почит има стекнато Елмас и надвор од границите на нашата земја најдобро говори видеото кога како ѕвезда беше пречекан по враќањето од летниот одмор во Инстанбул.

Станува збор за награда која се доделува за претставувањето на земјата во странство, но не можеме да не ги споменеме одличните настапи во дресот на репрезентацијата во квалификациите за ЕП.

Освен настапите не можеме да заборавиме и тоа со каков жар и страст игра Елмас за националниот дрес, а тоа најдобро се покажува со неговото гласно пеење на химната пред секој натпревар и не не викаме туку така на секој, туку буквално на секој!

Посебно добро Елмас одигра против Словенија кога од цела арена одекнуваше: Елиф Елмас, Елиф Елмас!

На доделувањето на наградите изјави:

„Имав одлични моменти во изминатата година. Голот за Фенербахче против Галатасарај ми е еден од омилените, со репрезентацијата направивме историски успех…Сонував еден ден да го скандираат моето име на арената и тоа се случи, морам да бидам пресреќен“,

Да, го скандиравме твоето име и аплаудиравме „дијаманту“ затоа што – ЗАСЛУЖИ, ЗАСЛУЖИ СЕ!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…