Дома Македонски спорт И Салернитана го сака Нестор!

И Салернитана го сака Нестор!

Tимот кој е најсериозен кандидат за преселба во Серија Б, Салернитана е последниот во низата клубови со кои се поврзува Илија Несторовски во овој преоде нрок.

Дел од медиумите во Италија пренесуваат дека Салернитана во Несторовски гледа засилување во нападот со цел да се подобри нивниот очаен голгетерски ефект во досегашниот дел од сезоната. Сезонава Салернитана постигна само 13 голови.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Од друга страна Несторовски и во втор план во Удинезе и скоро и да не добива шанса после враќањето од тешката повреда. Несторовски во октомври се врати на терените после паузата од седум месеци и со оглед на тоа каков статус има во овој момент во Удинезе потребна му е промена.

Во претходниот период македонскиот напаѓач се поврзуваше со екипи како Виченца, Монца, Лече и Кротоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…