Како што пренесува „Газета дело Спорт“ три екипи покажале голем интерес за дефанзивецот на Јувентус, Мехди Брнатиа.
Мароканецот одигра фантастична сезона во дресот на „Старата дама“, во Торино стигна во 2016. година на позајмица од Баерн, за минатото лето Јувентус да го откупи неговиот договор за 17 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доби голема одговорност, го презеде местото на Леонардо Бонучи во екипата одигра одлично, па така бројни екипи покажаа интерес да го преселат во своите редови, посебно што се знае дека Алегри следната сезона ќе им даде шанса на повеќето играчи.
Најсериозен интерес за услугите на некогашниот стопер на Удинезе и Рома пристигнува од страна на три екипи, во прашање се Арсенал, Борусија Дортмунд и Олимпик Марсеј.
Францускиот клуб прв се споменува, а сега посериозни во намерата да го ангажираат се и „Топчиите“ и „Милионерите“.
Доколку Бентаиа на крајот навистина ја промени средината ова лето, Јувентус сепак ќе се обиде да ангажира негова замена, а на списокот играчи кои би можеле да го наследат се наоѓаат Годин и Хименез од Атлетико Мадрид, Де Лихт од Ајакс и Романјоли од Милан.