Денес со натпреварот помеѓу Шахтјор и Металист Харков официјално започна ноивата фудбалска сезона во Украина која ќе се игра и покрај воената инвазија на Русија.
Поради воената инвазија ќе има и посебни услови за одигрување на натпреварите. Стадионите ќе мораат да имаат скривница за потенцијални воздушни напади која нема да биде одалечена повеќе од 500 метри. Првите неколку кола ќе се играат без присуство на публика.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денешниот натпревар е прв во Украина после пауза од осум ипол месеци, последната сезона беше прекината поради почетокот на војната.
Натпреварите ќе се играат во украинската престолнина и во градовите западно од границите со Русија. Ѓоко Зајков и Енур Тотре кои се повремени репрезентативци на Македонија играат во Украина и се дел од тимот на Ворскла Полатава.
Европските натпревари украинските тимови ќе ги играат во Полска.
🇺🇦 Футбол повернувся в Україну!
— ⚒FC SHAKHTAR DONETSK (@FCShakhtar) August 23, 2022
Розпочинаємо новий сезон з нічиєї з «Металістом 1925».#ШахтарМеталіст1925 #Shakhtar pic.twitter.com/KxKPoByTmD